Новости

Останати

Пекинг подготвен за Зимските олимписки игри

Просторот од околу двесте квадратни километри, кој е затворен во своевиден карантин поради пандемијата на почетокот на јануари, од воздух изгледа целосно подготвен за почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Местата каде што ќе се одржуваат натпреварите изгледаат највпечатливо од воздух, особено ноќе.

Повеќето згради се украсени со светлосни инсталации, подготвени за импресивно лајт- шоу.Некои од објектите се изградени за потребите на Олимписките игри во 2008 година, како што се стадионот „Птичјо гнездо“ и салата „Ледена коцка“.

За да се спречи ширење на заразата поради Игрите, се спроведуваат најстроги мерки за тестирање за сите ангажирани во Игрите со дополнителни мерки за заштита.

Евротип
SNBROKER
To Top