Новости

Останати

Победа на Пелистер Волеј над Виктори Волеј

Пелистер Волеј – Виктори Волеј
3:1 (25:21; 22:25; 25:15; 25:23)
Заостанат (последен) натпревар од 6-тото коло во рамките на прва фаза 1
Значајна победа на нашиот Пелистер.


Одличен натпрeвар во кој имавме достоен и мотивиран противник кој навистина не намачи за оваа толку посакувана победа.
Освоивме 70 поени, од кои 50 од напад 19 АС поени и 1 поен од блок
Денес поените ги освоија:
Ана Пејовска 20
Стефани Најдановска 20
Ева Трпеновска 16
Теодора Андоновска 6
Ивана Василевска 5
Михаела Цветановска 2
Тамара Жабјановска 1
Пелистер Волеј ја завршува првата фаза со 3 победи и 3 порази, вкупно 9 бода, 10 добиени и 10 загубени сета, со позитивен поен количник, но за жал не успеаја да влезат во првите 6.
Сепак, стартуваат на пол позиција во втора фаза 2 која ќе се игра по бергеров систем.
Ќе се играат 14 кола секој со секого.
По завршување на оваа фаза првиот и вториот обезбедуваат директен пласман меѓу најдобрите 8

GOLD
To Top