Новости

Останати

Пораз на Пелистер Волеј на домашен терен по тешка борба

Драматичен, крајно возбудлив и неизвесен натпревар за крај на 202о во кој после цели 2 часа и 50 минути игра, Пелистер Волеј е поразен дома на свој терен во Битола од екипата на Фит Фан Волеј.

Тренерот на одбојкарките од Битола, Роберт Митковски, малку разочаран од неочекуваниот домашен пораз, по завршувањето на натпреварот рече:

-Првиот сет го започнавме лошо, фативме приклучок но прекасно и на семафорот беше 1:0 за гостите. Сепак во вториот сет заигравме многу подобро, водевме се до втората третина на сетот, кога влеговме во една серија на грешки, беше и 19:19, први дојдовме до сет топка 24:22, но сетот крајно драматично повторно замина во корист за гостите. Пред почетокот на третиот сет се договоривме дека нема предвање до последен поен, што и се случи па се наговести можен пресврт. Третиот и четвртиот сет ги освоивме сосема заслужено и се изборивме за петти решавачки сет, а за завршница, за петтиот сет од натпреварот додава:-Петтиот сет започнавме сосема добро, имавме водство од 6:3, тајма аут и пресврт од 6:7 за гостите. Тајм аут за Пелистер и на промена на страни отидовме со водствомод 8:7. Продолживме добро и беше 10:8 за нас. Тајм аут за гостите и изедначување за 10:10. Тајм аут за Пелистер, но овај пат тоа не беше доволно, мал пад на концентрацијата и краен резултат од 12:13. Сепак освоен е важен бод, а по епската игра од безмалку 3 часа мора да им честитаме на сите наши одбојкарки. Ова беше одличен натпревар во кој немавме среќа.Поените ги освоија: Ева Трпеновска 23, Стефани Најдановска 14, Ана Пејовска 12, Ивана Василевска 8, Теодора Андоновска 6 и Михаела Цветановска 3.

GOLD
To Top