Новости

Останати

Про бокс Македонија најавува боксерски спектакл во Прилеп во јуни

Секретарот и менаџер на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески, најави во дека во текот на месец јуни се планира да се организира голем професионален боксерски спектакл.

„Целта ни е после тригодошна пауза конечно да го вратиме професионалниот бокс во нашиот град“, вели Чатлески и додава дека во фајт картата се одбрани најдобрите боксери од Прилеп.

„Мартин Крстески со скор од 1 победа и 1 загубена борба во профи рингот, дебитантите Матеј Чатлески двократен шампион на Македонија во бокс и Илчо Костовски кој има 20 борби – 15 победи и 5 порази во аматерски бокс. Костовски сите борби ги има боксирано во Словачка.

Во однос на организацијата планираме да биде со одлична сценографија, професионално осветлување, професионален водител, ринг-девојки и музичка програма, а најбитно е што гарантираме добри борби“, вели Чатлески.

Тој не ја исклучува можноста да има и плус профи боксери од Прилеп.

Во програмата се планира да има до 10 професионални борби со боксери од Македонија, Балканот и Европа.

„Најдоцна до месец април ќе знаеме за датумот, времето и каде ќе се одржи овој боксерски спектакл“, истакнува Чатлески.

Евротип
SNBROKER
To Top