Новости

Останати

Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј: Годинава славиме 10 години постоење на клубот и пет години прволигаши

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола по двонеделните припреми кои ги одработија во својата “база“ во медицинското училиштево Битола, кои завршија на 30 декември се на краток одмор до 11 јануари, со исклучок на репрезентативките кои се на подготовки во Берово од 3 до 15 јануари, кога ги продолжува подготовките за пролетниот дел од сезоната која започнува на 6 февруари.

За тоа како го оценува двете сезони, кои се случија во 2020 година, тренерот на Пелистер Волеј од Битола, Роберт Митковски вели:-Во годината која е зад нас мораме да забележиме неколку работи. Пелистер Волеј како и сите останати клубови како-така ја заврши минатата сезона, без вистинска борба да видиме до каде сме со останатите екипи но тоа е тоа. Оваа сезона стартувавме само со прволигашка екипа, додека младинските екипи останаа во мирување чекајќи подобро време, веројатно на пролет. Остваривме 4 победи и 4 порази, освоивме 13 бода, со позитивен сет количник, освоени 15 сета, а 13 загубени, како и позитивен поен количник со освоени 618 поени, а загубени 554. Поради многу работи кои се случуваа во оваа најмлада екипа во Битола, која се натпреварува во Првите лиги, не се снајдовме надобро не се пласираме во најелитниот дел, завршивме на 7-мата позиција од 14 екипи во есенскиот дел и се најдовме точно под непосакуваната “црвена линија“ зошто минаа само 6 екипи. Помалку несреќно за што веројатно улога имаше и самиот скратен систем кој налагаше поделба во две групи и помал број на натпревари.Сепак, Митковски и неговиот стручен штаб се горди на постигнатиот успех и се си е според заслугите, па следната цел е борбата за првите две места, која продолжува за само еден месец, како и стартот на натпреварите за КУП на Македонија во кој сме редовни учесници.

-Ова е година во која во континуитет ја бележиме нашата 5-та сезона во Првата Државна лига на Македонија, што е еден мал јубилеј. 2021 е година во која ќе прославиме 10 годишнина и ќе навлезиме во втората деценија од нашето постоење, што секако е нешто на што сме неизмерно горди, вели Митковски. Иако се меѓу најмладите и најнеискусните во државната лига за истакнување во годината која е зад нас е и тоа дека во составот на репрезентацијата на Македонија У19.

-Благодарение на Одбојкарската Федерација на Македонија се работи на највисоко можно ниво како никогаш до сега, а се подготвува за ЕП во 2022 година, имаме 4 претставнички во потесниот состав (Стефани Најдановска, Михаела Цветановска, Анастасија Ристевска и Меланија Каралиоска) како и 2 тренери, што секако е едно од најголемите наши достигнувања. Пелистер Волеј има свои претставнички и во поширокиот состав на пионерската репрезентација на Македонија кои ќе се борат за место во идниот состав, вели Митковски, кој исто така е дел од тренерскиот тим на Македонската репрезентација.

GOLD
To Top