Новости

Останати

Светско Кик бокс јуниорско првенство – Битолчанката Марија Димовска за прв пат на овој натпревар

Светското Кик бокс јуниорско првенство, годинава се одржува во Лидо ди Јесоло – Италија. Првенството трае од 30 Септември, а ќе трае до 9 Октомври. На овој голем спортски настан пријавени се вкупно 62 држави и 2566 натпреварувачи.

Кик бокс и маитал федерацијата на Македонија, како дел од најголемата и најбројна кикбокс федерација во светот – WAKO федерација, ќе учествува со пет млади натпреварувачи.

КBK ENERGY од Битола, има свој претставник – Марија Димовска која за прв пат ќе се натпреварува на официјално светско првенство.

 

Ова е голем успех за нашиот град во кој продолжуваат да се раѓаат талентирани, спортисти како Димовска што безрезервно ја поддржуваме и и посакуваме огромен успех.

Евротип
SNBROKER
To Top