Се рестартира одбојката во Битола после 5 месеци пауза

Започна проектот на ОФМ У19 за Европското Првенство на кое домаќин е Македонија.
Битола од денес попладне е на мапата како еден од четирите пунктови на селекторот Ненад Михајловиќ каде ќе се одржи вториот дел од селективните тренинзи за избор на новите репрезентативки.
Веднаш по Скопје и Битола, селекцијата продолжува во Штип и завршува во Струмица, а потоа 22-24 одбојкарки продолжуваат во Крушево
По 5 месечна пауза на најубав можен начин се рестартира одбојката во Битола.
