Новости

Останати

Следниот викенд ќе се вози првата мотокрос трка сезонава во Македонија

Трката која требаше да се вози на седми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14 јуни. Според најавите од Мотоциклистичката Федерација првата трка од шампионатот во мотокрос ќе се одржи на 14 јуни (недела), а ден порано ќе се одржат слободните тренинзи со почеток од 14:00 часот со кои ќе се одреди и распоредот за стартот на трките.

Трките во недела ќе започнат во 12:00 часот, а според препораките за заштите од ковид-19, истите ќе се одржат без присуство на публика.

GOLD
To Top