Новости

Останати

Тешки моменти за Надал: Не планирав да куцам, работите стануваат посложени

Шпанецот претходно објави дека има „медицински третман“ на стапалото на левата нога, а потоа откри за каква операција станува збор.

– Добро сум, ногата ме боли малку. Ова е период што е комплициран на лично и професионално ниво, но, искрено, со илузија за подобрување и соочување со процес кој ќе биде тежок и болен во одреден момент, но кој морам да го поминам за да се вратам на позицијата да се борам за тоа што сакам. Одлучен сум во тоа, рече Надал.

Шпанецот се надеваше дека ќе настапи на преостанатите два Грен слем сезонава и Олимписките игри, но повредата ги промени плановите на кои се прилагоди.

– Сценариото беше да се игра на Вимблдон, Олимписките игри или УС Опен. Во сценариото денес не требаше да куцам. Мора да ги приспособите и да ги прифатите нештата како што доаѓаат. Имав фантастични достигнувања, поголеми отколку што можев да сонувам, но и комплицирани моменти поради повреди. Во рамките на она што е можно, јас секогаш наоѓав начин да напредувам. Работите се комплицираат бидејќи часовникот отчукува, но јас сум позитивен и среќен поради се што направив, нагласи Надал.

Евротип
Евротип
To Top