Новости

Останати

Тројца битолчани се првите кои се искачија на насоката „Cassin“ на Piz Badile (3,308 m)

Тројцата битолчани Влатко Деловски, Владимир Ѓоргиевски и Саша Грбиќ кои се членови на СКК.Вертикал-Битола, се првите кои се искачија на насоката „Cassin“ на Piz Badile (3,308 m).

,,Од почетокот на алпинизмот и качувањето во Битола (20 ти век) до денес, ова е прва успешна акција и качување на оваа насока од битолски клуб, што експедицијата ја сместува меѓу најуспешните алпинистички остварувања во градот воопшто.

Искрено, тоа нам многу не радува, а се надевам и дека битолчани ќе бидат горди на овој наш подвиг, оти воедно е и подвиг и поттик за алпинизмот во Битола“ – изјави Влатко Деловски, а за насоката и нивното неверојатно искуство истакна:

Piz Badile (3,308 m) преку Cassin Route со оцена 6+ UIAA е 800 м висoка карпа со 21 јажева должина (плус уште 200 м д+ алпска наврска по Nordkante оцена 3+ UIAA – но, не по траверсот што беше непрепознатлив бидејќи го го качувавме во текот на ноќта, туку преку сите локални врвчиња до самиот врв Piz Badile што воопшто не беше едноставно и затоа тоа ни одзеде време од 2.5/3 часа плус од качувањето) . Вкупно, околу 1000 м карпа. Таа ноќ преспавме во бивакот на врвот – ако тоа може да се нарече спиење и наредниот ден се спуштивме по јужната италијанска страна до домот Gianetti. Од домот уште 2.5 часа планинарење до San Martino (Италија). Од таму со такси до Bondo (Швајцарија) каде што се наоѓаше нашиот автомобил.

Целокупното доживување траело 28 часа активно качување, алпска наврска и планинарење, раскажуваат храбрите алпинисти на кои Битола се гордее. Воедно, тимот истакна дека тие немаат никаква сала/вежбална (освен една скромна мала просторија во Техничкото училиште). Да се има таков простор е неизбежно, па според тоа нивниот успех воопшто не е за потценување. Релевантно би било постоењето на таков простор каде што ќе можат да го практицираат конкретниот спорт, а со тоа да продуцираат и млади кадри и надежи.

Меѓу другото, тимот се заблагодари на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, Борче Димитровски кои имаа слух за оваа нивна намера и делумно помогнаа за нејзина реализација.

Евротип
SNBROKER
To Top