Новости

Останати

Халеп скоро без борба до трофеј во Рим

Тенисерката од Романија, Симона Халеп ја освои титулата на турнирот во Рим, откако чешката тенисерка Каролина Плишкова го предаде финалниот меч. Плишкова, која беше минатогодишен освојувач на овој турнир, го предаде овој меч поради повреда при водство на Халеп од 6:0, 2:1 по само 32 минути играч. По двете изгубени финалиња во Рим во 2017. и 2018. година, Халеп стигна до својата прва титула во главниот град на Италија. Ова е трет трофеј за Халеп во низа, откако претходно триумфираше на турнирите во Дубаи и Прага

GOLD
To Top