Новости

Останати

Христиан Илиовски Кико, викендов се врати во Битола со уште еден пехар

Летечкиот битолчанец, Христиан Илиовски Кико, викендов се врати во Битола со уште еден пехар.

Имаме пиедестал од трката во Орман, Скопје.

,,Изминатиот викенд ми помина како сон. Прв на третата и претпоследна трка во Македонскиот шампионат во мотокрос, на патеката Орман-Скопје. Пиедесталот го сакам, но уште повеќе кога сум на патеката.

Благодарам на сите оние кои дојдоа да ме бодрат на оваа трка. Ми значеше нивното присуство, многу. Од победа, директно се вратив на тренинзите зошто ме чека голем натпревар овој викенд во Турција ” – ни изјави Кико.

Неговиот генерален спонзор, кој го врати Кико по паузата од неколку години заради немање на средства за мотор и трки, СН ФИНАНСИИ и уште една значајна група на спонзори застанаа позади овој страшно талентиран мото-крос спортист кој освоил низ кариерата стотици пехари и медали на бројни големи трки.

Евротип
SNBROKER
To Top