Новости

Останати

Христиан Илиовски Кико со освоено второ место на ,,BMU European motocross championship”

Шампионот Христиан Илиовски Кико, вчера не израдува со ново искачување на пиедесталот, овој пат во Романија.

Тој го освои 2 место, во исклучително силна конкуренција и после 5 години пауза од вакви големи интернационални натпревари.

Кико возеше на BMU European motocross championship и не направи сите горди со овој исклучително висок пласман.

По неколку годишна пауза, Кико блеска во новата сезона и дома и во странство, ова е неверојатен кам-бек на овој наградуван спортист, кој изминатите години паузираше заради немање на поддршка во тоа што најдобро го прави, возењето на крос-мотори.

Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум.”- напиша Кико на своите социјални медиуми каде се заблагодарува на клубот, спонзорите, фановите и неговото семејство.

Да потсетиме, Христиан Илиовски Кико направи неколкугодишна пауза, заради немање никаква поддршка за да може да се занимава со овој скап спорт. Пред почетокот на новата сезона тој доби поддршка од неколку битолски, прилепски и една грчка комапнија за да може да ја рестартира својата спортска кариера.

Евротип
SNBROKER
To Top