Новости

Останати

Христијан Илиовски Кико со двојна победа на мото-крос македонскиот шампионат

Двојна победа на Христијан Илиовски Кико првата трка од новата сезона на мото-крос македонскиот шампионат што беше одржана вчера во Лагово, Прилеп.

Христијан ја објави веста за заслужената победа на својот фејсбук профил со краток текст во кој го раскажа за тешките услови во кои се одвиваше трката и воедно им заблагодари ма сите оние кои го поддржуваа.

,,Возбудата расте! Aдреналинот врие!

Објавуваме голема прва победа и тоа ДВОЈНА ПОБЕДА вчера на патеката во Лагово, Прилеп која беше и првата трка од новата сезона на мото-крос македонскиот шампионат.

Во двете трки ги освоив двете први места, во исклучително тешки услови на дожд и кал, но и тоа беше екстра предизвик да ја тестирам формата.

Ова е за мене одличен старт и подготовка за следната трка која ме очекува во Романија.

Благодарност до мојот клуб, до моите спонзори … до сите мои фанови и до моето семејство. 

SN Finance
SKODA Josifov
Moto-parts.gr
JK Travel
Hotel Salida Prilep
Konti Hidroplast
Hardcore Shop Mk
Мис Комерц Скопје
@GETONE
BiTuning Bitola “

Евротип
SNBROKER
To Top