Новости

Останати

Швеѓанецот Дуплантис го собори рекордот на Сергеј Бубка

Арманд Мондо Дуплантис успеа да избрише уште еден светски рекорд на легендарниот Украинецот Сергеј Бубка, прескокнувајќи 6.15 метри во Рим, подобрувајќи го рекордот на отворено на Бубка од 1994 година. Дуплантис доминираше во натпреварувањето во кое немаше вистинска конкуренција – Белгиецот Бен Бредерс беше втор со 5.80 метри, додека Рену Лавилени скокна само 5.70 метри за четврто место. За 20-годишниот европски шампион од 2018 година, некогаш магичната граница од 6 метри стана вистинска формалност, откако претходно оваа година скокна и 6.07 метри. Во февруари, тој го сруши светскиот рекорд на Лавилени во сала со скок од 6.17 метри во Торун, Полска, за потоа да скокне и еден сантиметар повисоко во Глазгов.

GOLD
To Top