Новости

Останати

Шпанецот Жоан Мир пред титула во светскиот шампионат во МотоГП

Жоан Мир од Шпанија е победник на вчерашната трка за Големата награда на Европа во МотоГП шампионатот. Возачот на Сузики со својата прва победа сезонава е многу блиску и до освојување на шампионската титулата. Мир целната рамнина па патеката крај Валенсија ја мина прв пред тимскиот колега Алекс Ринс, а за место на пиедесталот се избори и Пол Еспаргаро на КТМ кој ја имаше пол-позицијата на стартот на трката. На две трки пред крајот на шампионатот, лидерот во генералниот пласман Жоан Мир сега има 162 бодови, 37 повеќе од конкурентите, тимски колега Алекс Ринс, и Фабио Квартараро од Јамаха кој заврши дури на 14-тото место и освои само два бода. Следната трка повторно ќе се вози во Валенсија и тоа за седум дена

GOLD
To Top