Новости

Останати

Ѓоковиќ купил данска фирма која развива лек против Ковид

Новак Ѓоковиќ купил 80 отсто удел во данската компанија „QuantBioRes“, која развива терапија против Ковид-19, потврди генералниот директор на компанијата Инан Лочаревиќ за Ројтерс.
Според данскиот деловен регистар, Јелена и Новак Ѓоковиќ се вистински сопственици на данската компанија од 3 јули 2020 година. Уделот на Јелена во сопственост е 39,2 отсто, а на Новак 40,8 отсто.

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ изјавил дека инвестицијата била реализирана во јули 2020 година, но одбил да каже колкава е нејзината вредност, пишува Ројтерс.

„QuantBioRes“ вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарна цел на компанијата е да се развие лек против Ковид, а не вакцина, вели Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што го спречува коронавирусот да ги инфицира човечките клетки и очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија ова лето, вели Лончаревиќ.

Портпаролот на Ѓоковиќ не одговорил на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Инаку, Ѓоковиќ не е вакциниран против Ковид, а деновиве е депортиран од Австралија и не може да настапи на Австралија Опен, пишува Индекс.хр.

Евротип
SNBROKER
To Top