Новости

Останати

Ѓоковиќ разочаран по судската одлука

Ѓоковиќ ја коментираше одлуката за укинување на визата и депортација.

„Би сакал само да дадам кратка изјава во врска со денешното рочиште. Ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам пред да дадам дополнителен коментар на оваа тема. Многу сум разочаран од одлуката да ми биде укината визата бидејќи тоа значи дека не можам да останам во Австралија и да се натпреварувам на Австралија опен.Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните органи за моето напуштање на земјата“, изјави Ѓоковиќ и додаде:

„Засрамен сум бидејќи фокусот во последните недели беше на мене, се надевам дека сега ќе биде само спортот. На играчите и на сите вклучени им посакувам се најдобро. На крајот, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сонародници за поддршка. Сите ми дадовте сила“, изјави Ѓоковиќ.

Евротип
SNBROKER
To Top