Новости

Останати

11-ти триумф за Надал на Роланд Гарос

Рафаел Надал по 11-ти пат го освои трофеј во Париз, односно е победник на Отвореното првенство на Франција.
Топ фаворитот Надал во финалето на Роланд Гарос го совлада 24-годишниот Австриец, Доминик Тием (7-носител) со максимални 3:0 во сетови.
Првиот сет кој траеше неполн час му припадна на Шпанецот со 6:4. И во вториот, Надал уште на стартот направи брејк, остварената предност ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6-3. Третиот Шпанецот го реши експресно препуштајќи ми само два гема на противникот (6-2).
За Надал ова е вкупно 18-ти трофеј од Гренд слем турнирите, додека Тием кој го играше своето прво финале на турнирите од големата четворка, ќе мора да чека некоја наредна шанса.
Потсетување дека вчера трофејот во женска конкуренција и припадна на Романката, Симона Халеп за која тоа е првата титула од Гренд слем турнирите.

GOLD
GoldSlot
To Top