Новости

Останати

Сребро за битолчанецот Никола Бубевски на балканското првенство во Босна

Младиот и надежен спортист од Битола, кикбоксерот Никола Бубевски викендов настапи на балканското првенство во Босна како дел од македонската репрезентација. Во финалето беше поразен од српскиот претставник и на крајот го освои сребрениот медал. За Шеталиште тој вели:

„Самиот не сум задоволен од прикажаното, но на овие првенства нијансите одлучуваат. Без разлика на поразот, мојот мотив и желба за успех после ова се се поголеми. Ваквите натпревари се добра подлога и градење искуство за наредните поголеми предизвици. Заедно со мене беше и Марија Кическа која исто така е поразена во финалето.

Сепак, јас сум на самиот почеток и пред мене патот е многу долг. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим К.Б.К. „Energy“, а посебно на мојот тренер Александар Димовски Димса кој е најзаслужен за сите наши успеси. Тој е човекот кој безрезевно го вложува своето време и искуство со цел да ме изгради како квалитетен борец. На моја страна се желбата и младоста, јас ова сакам да го работам и цврсто верувам дека ќе го исполнам она што сум го замислил,“ вели Никола Бубевски за својот настап.

 

Evrotip
Евротип
To Top