Новости

Останати

Зорица и Мила од ТСК „Степ ап“ Битола се вратија со злато од Грција

На 23 и 24 јуни беше организиран Интернационален натпревар во спортски танц KAVALA OPEN 2018 во Р.Грција. На истиот учество зедоа 25 држави со над 2500 натпреварувачи кои се натпреваруваа во различни категории оценувани од 31 WDSF судии. Танцовиот спортски клуб СТЕП АП од Битола оваа година испрати само два натпреварувачи кои постигнаа врвни резултати во своите категории и беа одлично презентери на клубот, градот и државата. Во силна конкуренција минувајќи низ четвртина финале, полуфинале и финале Зорица Симјановска (13 години – јуниори 1) и Мила Димовска (15 години – јуниори 2), во категориите соло латино ча-ча, румба и џаив и соло латино самба се искачија на највисокото место на пиедесталот и заслужено се здобија со називот Балкански шампиони за 2018. „Дадовме сè од себе, со нетрпение го очекувавме прогласувањето, возбудата беше огромна, на крај и двете во по две категории бевме оценети како најдобри секоја во својата возрасна категорија. Пресреќни сме!“ – изјавија златните девојки. Нивните тренери се задоволни од постигнатиот успех, а овој престижен натпревар за нив претставува мотив повеќе за продолжување со континуирана работа.

GOLD
To Top