Новости

Ракомет

Алушовски: Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот

Утревечер, ракометарите на Еурофарм Работник ќе имаат тешка задача во мечот од СЕХА лигата бидејќи во Битола гостува унгарскиот гигант Веспрем.

„Гостувањето на Веспрем во Битола е празник на ракометот. Европскиот вицешампион преполн со звезди доаѓа во нашиот град и тоа е посебен настан. Ако ракометот се играше по име и буџет, Веспрем не ни треба да доаѓа во Битола – знаеме дека се посилни од нас. Но, на терен можеме да се надеваме. Ние од вчера ги започнавме подготовките за овој натпревар и трениравме во Шпанија. Сите ракометари освен Никола Маркоски се здрави и мотивирани. Ќе дадеме максимум, што е во наша моќ да бидеме достоен репрезент на македонскиот ракомет“, рече тренерот на Еурофарм, Стевче Алушовски.

Со него се согласи и Невен Стјепановиќ.

„Првпат ќе играм против Веспрем и ќе ми биде задоволство. Ова е празник на ракометот во Битола. Уморни сме, имавме тежок натпревари, но ќе излеземе без притисок против ѕвездите на Веспрем. Во досегашниот дел од сезоната може да кажам дека ниту една екипа не нè надигра и мислам дека имаме квалитет да се носиме со сите екипи. Утре ќе се обидеме да одиграме што е можно подобар натпревар“, истакна босанскиот репрезентативец Стјепановиќ.

GOLD
To Top