Новости

Ракомет

Алушовски: Четврто место во групата е нашата цел во СЕХА лигата

Денес со официјална прес-конференција Еурофарм Работник официјално ја најави новата сезона и првиот натпревар против Спартак Москва. На средбата со новинарите во прес-центарот во спортската сала „Боро Чурлевски“ зборуваа тренерот и капитенот на екипата.

Стевче Алушовски
(тренер на РК Еурофарм Работник)

Имавме напорни подготовки, одигравме многу квалитетни пријателски натпревари и загубивме само од АЕК Атина на турнирот во Струга. Среќен сум што по 14 години Битола повторно ќе гледа натпревари од Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Спартак Москва е квалитетен состав, во своите редови има неколку руски репрезентативци како Ковалев и Дереван и затоа очекувам цврст натпревар. Очекувања во овој дел од сезоната е да бидеме зад фаворитите Мешков Брест, ППД Загреб и Веспрам, на четвртото место во групата.

Гоце Ојлески
(капитен на РК Еурофарм Работник)

Имавме тешки припреми, но спремни сме за официјални натпревари. Заслужуваме да бидеме дел од европската и регионалната елита. За натпреварот против Спартак Москва мислам сите веруваме во успех. Сакам да ги поканам сите битолчани и сите вљубеници на ракометот да ни ја дадат поддршката и заедно да славиме многу победи.

Битолскиот клуб денес и утре ќе тренираат во 20:00 часот, а натпреварот против рускиот Спартак се игра в среда од 20:45 часот. Руската делегација пристигнува во Битола вечерва во 22:30 часот.

PRES EUROFARM 12

GOLD
To Top