Новости

Ракомет

Алушовски: Хановер е во предност бидејќи игра многу сериозни натпревари во Бундеслигата

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник денес со прес-конференција го најави последниот домашен натпревар од групната фаза. В недела во Битола гостува бундеслигашот Хановер, а за натпреварот говореа тренерот и голманот на екипата.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)

Последниот европски наттпревар го одигравме пред три недели. Не е тајна дека Хановер е фаворит, тие играат сериозни натпревари во Бундеслигата, а ние овој период игравме лесни домашни натпревари. Хендикепирани сме со неиграњето на Стјепановиќ, а кај нив Атман се враќа во екипата и неговото враќање очекувам да биде единствена измена од првиот натпревар во февруари. Нашата шанса може да ни биде тоа што имаат доста повредени ракометари

Градимир Чаневски
(голман на Еурофарм Работник)

Многу работи се сменија во нашиот тим за разлика од првиот натпревар против Хановер. Имаме нов тренер, напорно работиме и верувам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот со Хановер. Со поддршка од трибините да се обидеме да го изненадиме бундеслигашот.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 20:45 часот.

GOLD
To Top