Новости

Ракомет

Андон Бошковски доби нов договор со Еурофарм Работник

Тренерот кој го одведе Еурофарм Работник во Европа за прв пат во својата историја, Андон Бошковски и следната сезона ќе го води клубот кон новите предизвици. Битолскиот суперлигаш го продолжи договорот со Бошковски за уште една сезона и соработката на обострано задоволство ќе продолжи.

Бошковски ја презеде клупата на почетокот од 2017 година и заврши на петтото место во Суперлигата и играше во финалето на Купот на Македонија. Така, Еурофарм Работник обезбеди место во европските купови и следната сезона ќе ја претставува нашата земја во Челинџ Купот.

Клубот наскоро ќе го објави планот на подготовки и засилувањата за новата сезона.

GOLD
To Top