Новости

Ракомет

Битолчанецот Митревски повторно херој на натпреварот со Грција

Голманот Никола Митревски беше еден од најдобрите поединци во македонската репрезентација на теренот во салата „Парк“ во Струмица и со своите неколку добри одбрани (11 вкупно) им овозможи на своите ракометари спокојно да играат и да ја полнат мрежата на противникот. И тој се согласува дека временските услови биле проблем за националниот тим.

„За нас е одлично што победивме и што мечот се заврши без повреди. Временските услови беа проблем но се снајдовме. Грците одиграа уште еден добар натпревар, покажаа дека не се лоша репрезентација но, сепак, како и на мечот против Турција пресуди нашиот квалитет и мотивираноста да завршиме први во оваа група“, вели нашиот голман.

Македонија ќе игра на ЕП 2020.

Извор: sportmedia.mk

GOLD
To Top