Новости

Ракомет

Битолчани едногласни: Хановер е фаворит, но ќе се бориме за изненадување

Синоќа во Хановер ракометарите на Еурофарм Работник го одработија првиот тренинг пред дуелот со екипата од Германија во ЕХФ Купот. Тренерот Чирковиќ и стручниот штаб работеа нешто повеќе од еден час, а во вечерните часови следеа видео снимки од последните натпревари на Хановер .

Еве дел од изјавите на битолчани во пресрет на натпреварот:

Михајло Петровски:
Голем хендикеп за нас е што не одигравме ниту еден пријателски натпревар заедно. Немаме многу време, но мора да потенцирам дека без притисок влегуваме во натпеварот против Хановер. Тие се благи фаворити, но нема да излеземе со „бело знаме“. Ќе се бориме и убеден сум дека имаме што да покажеме.

Владислав Остроушко:
Малку време сме заедно, уште се запознаваме и уигруваме. Стјепановиќ дојде пред некој ден, одржавме само неколку тренинзи заедно. Брзо ни доаѓа натпреварот против Хановер, но мотивирани сме да покажеме дека знаеме да играме на ова највисоко ниво.

Ѓорѓе Чирковиќ:
Направивме голема работа, но наш голем непријател ни е времето. Немаме време да бидеме заедно и убеден сум дека оваа екипа ќе изглед подобро во март и април. Татабања, Веспрем и Нексе се екипи кои имаат ист систем од минатата година и полесно им е да ги внесат новајлиите во тој систем.

GOLD
To Top