Новости

Ракомет

Брестовац со две промени во тимот за вечерашниот меч со Исланд

Македонската ракометна селекција вечерва од 20 часот по втор пат ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Исланд. Ова е првата меч топка за „црвено-жолтите“ за пласман на ЕП 2020 година.

За овој дуел селекторот Данило Брестовац се реши за промени во ростерот во однос на тимот кој во Рејкјавик славеше против истиот ривал в средата.

На местото на Бојан Маџовски и Томислав Јагуриновски во комбинација за настап вечерва ќе бидат Димитар Димитриоски и Мартин Серафимов.

GOLD
To Top