Новости

Ракомет

Вардарки пристигнаа во Будимпешта по европска круна

Ракометарките на Вардар треба да ги одиграат последните два натпревари во сезоната која привршува во ЛШ. Вардар е тим кој го има најдобриот напад, со 451 постигнати гола. Сезонава Вардар има и најдобра гол разлика, + 76 на 14 досега одиграни натпревари. Исто така и во четврт-финалето „вардарки“ беа меѓу тимовите што постигнаа најмногу голови.
Досега Вардар има одиграно вкупно 60 натпревари во ЛШ, и на 40 триумфирале, а шест завршиле со реми. Сезонава имаше серија од 10 натпревари без пораз и 8 победи по ред.

Утре Вардар го игра полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта со ЦСМ Букурешт, актуелниот европски првак.

 

Oд овој состав на Вардар кој утре ќе се појави на средбата со ЦСМ Букурешт три играчи имаат зад себе трофеи од ЛШ: Ања Алтхаус (двапати со Виборг 2008/2009 и 2009/2010), и Андреа Лекиќ и Јованка Радичевиќ (двете со Ѓер во 2012/2013).
Тренерот Ирина Дибирова исто така има две титули, како играч (Слагелсе 2004/2005 и Звезда 2007/2008).

Вардар е единствен тим што од секој настап на Ф4 се враќал со медал. На претходните три настапи „вардарки“ секогаш го освојуваа третото место и бронзениот медал.

Покрај екипата која атакува на Европската титула, во Будимпешта за индивидуална награда ќе се бори и Андреа Пенезиќ. Таа во моментов е лидер на листата на стрелци со 87 гола, седум повеќе од Кристина Неагу и 8 повеќе од Катерина Булатовиќ кои ќе настапат за Будуќност.
Заедно со Кристина Неагу во сезоната 2014/2015, Андреа Пенезиќ ја доби наградата за најдобар стрелец со 102 постигнати гола.

GOLD
SN Finansii
To Top