Новости

Ракомет

Вардарци го откажаа турнирот во август во Скопје заради Суперглоб

Иако беше најавено дека во периодот од 16 до 19 август Вардар ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир во Скопје, истиот е откажан. Ова требаше да биде втор турнир во организација на Вардар. Од 22 до 28 август Вардар ќе игра на неофицијалното клупско СП во Катар.

Причината за откажувањето е што европскиот првак треба да се подготвува за настап на Супер Глоуб, неофицијалното клупско светско првенство што од 25 до 28 август треба да се одржи во Катар. Тоа ги помести плановите на клубот во однос на подготовката за новата сезона, а меѓу другото и некои турнири на кои требаше Вардар да настапува.

Поради Супер Глоуб и потребата за аклиматизација, клубот ќе замине за Катар на 22 август, па затоа е откажан турнирот што претходно беше планиран. Откажано е и играњето на турнирот во Веспрем кон крајот на август. Останува планираното играње на турнирот во Гумерзбах од 11 до 14 август.

На турнирот во Скопје планирано беше на турнирот да играат: Металург, Кристијанштад, Горење, ПИК Сегед и Висла Плоцк.

Евротип
SNBROKER
To Top