Новости

Ракомет

Вардар во Битола го освои по 13-ти пат Купот на Македонија

Сезоната на рекорди продолжува за Вардар и во клупските витрини стигна и 13. Куп титула. „Црвено-црните” во финалето во Битола го победија Металург со 30-26. Вардар е првиот и единствен тим со пет триумфи по ред во Купот на Македонија, што досега никому не му успеало.

Ова истовремено е четврта двојна круна по ред за нашиот тим. Доминацијата во Купот почна во 1997 година, кога првпат бевме победници. Последниве пет години имаме апсолутна доминација. Имаме и 12 титули во првенството, што исто така е најдобар резултат на екипа од Македонија.

Двата натпревари од Купот на Македонија беа последни средби за Вардар пре додигрувањето на Ф4 турнирот во Келн каде следниот викенд ќе се бори за одбрана на европската круна.

Во финалето на овој 26. Куп на Македонија нашиот тим беше најсериозен кандидат за освојување на трофејот. Тоа и го потврди во овие два дена на турнирот што се одржа во Битола.
Поради правилото за максимален број на интернационалнци, на оваа средба бевме без Арпад Штербик, Мијајло Марсениќ, Јања Војводиќ и Игор Чупиќ. Затоа пак на голот го имавме расположемниот Страхиња Милиќ кој имаше 11 одбранети топки.

До 19 минута Металург беше во игра и се држеше, а потоа Вардар почна резултатски да се одлепува. На полувреме имавме предност од два гола 14-12, но штом почна вториот дел тргна и вардаровата машина.

Немаше дилеми околу победникот, а рутински до крај ги одигравме преостанатите минути. Ја користевме играта „7 на 6″ на противникот и постигнавме дет гола додека противникот немаше голман. Игравме одлично во одбрана.

Даинис Криштопанс беше прогласен за МВП на натпреварот, а најдобар голман беше прогласне Мартин Томовски од Металург. Филип Кузмановски и Халил Јагањац ја поделија наградата за најдобар стрелец.

Вардар – Металург 30-26 (14-12)
ВАРДАР: Стоилов 1, Недановски, Поповски, Криштопанс 3, Милиќ 1, Мораше 1, Македа 3, Ѓорѓески, Карачиќ 4, Абутовиќ, Кањељас, Циндриќ 5, Дибиров 6, Шишкарев 4, Борозан 2.

Вардар – побендик на Куп на Македонија

1996/97  Вардар Ватростална
1999/2000 Вардар Ватростална
2000/01 Вардар Ватростална
2002/03 Вардар Ватростална
2003/04 Вардар Ватростална
2006/07 Вардар Про
2007/08 Вардар Про
2011/2012 Вардар Металург
2013/14 Вардар
2014/2015 Вардар
2015/2016 Вардар
2016/2017 Вардар
2017/2018 Вардар

 

GOLD
To Top