Новости

Ракомет

Вардар го освои третото место во Доха и грабна 150.000 евра

Европскиот ракометен шампион Вардар стигна до третото место на неофицијалното светско клупско ракометно првенство односно го освои бронзениот медал, откако во меч за третото место го совлада тимот на Ал Сад од Катар со убедливи 19-37 (10-14).

Вардар добро го почна натпреварот и со одлична игра во одбраната го имаше почетното водство кое го надограуваше од минута во минута за на полувреме да змаинат на одмор со +4 односо 14-10.

Почетокот на вториот дел целосно им припадна на нашите ракометари кои за 8 минути успеаја да ја зголемат предноста на највисоки +8. По неколку минути и неколку одлични одбрани дојдоа и до +13 разлика (12-25).

До крајот остануваа уште 15 минути, а во нив практично се играше без одбраната па Вардар стигна до убедлива победа од 19-37.

Евротип
SNBROKER
To Top