Новости

Ракомет

Вардар и Пелистер противници и во машка и во женска конкуренција

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки од 26-то издание на Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот во машка конкуренција ќе се игра во Спортската сала „Младост“ во Битола на 18 и 19 мај 2018 година. Полуфиналните натпревари во петок (18 мај) ќе започнат од 16.30 и 19.15 часот, додека финалето во сабота ќе се игра од 16.30 часот. Во однос на тоа кој полуфинален натпревар ќе се игра во кој од двата термини за првиот ден од турнирот, дополнително ќе биде дефинирано.

Куп на Македонија, Мажи – Сала „Младост“, Битола
Полуфинале:
18.05.2018 РК Еурофарм Работник – РК Металург
18.05.2018 РК Вардар – РК Пелистер
Финале:
19.05.2018, 16.30

Фајнл Фор турнирот во женска конкуренција ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во СКопје на 19 и 20 мај 2018 година. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 19 мај од 15.00 и 17.00 часот, додека финалето ќе се игра на 20 мај во 13.00 часот.

Куп на Македонија, Жени – СЦ „Јане Сандански“, Скопје
Полуфинале:
19.05.2018, 15.00 ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор
19.05.2018, 17.00 ЖРК Пелистер – ЖРК Вардар
Финале:
20.05.2018, 13.00

GOLD
To Top