Новости

Ракомет

Вардар обезбеди полуфинале на Супер Глоуб во Доха

Ракометарите на Вардар се пласираа во полуфиналето од Супер Глоуб турнирот во Катар, откако денеска го совладаа Нафт Гашаран од Иран со убедливи 30-22.

„Црвено-црните“ направија разлика од 5 гола во првиот дел, па во второто полувреме се обидуваа да ја одржат предноста за што помирен финиш. Пред Вардар сега е нов предизвик со екипата на Барселона, со која ќе се бори за место во големото финале. Каталонците во првиот четвртфинален дуел го совладаа тимот на Есперанца од Тунис со 42-24.

Евротип
SNBROKER
To Top