Новости

Ракомет

Вардар по втор пат ја освои европската титула

Вечерашната драма заврши со победа над Веспрем и освојување на уште една европска титула за Вардар.

Вардар водеше во целиот натпревар вечерва против Веспрем. Првото полувреме заврши со резултат од 16:11 за Вардар. Но Веспрем во второто полувреме не го остави Вардар така лесно да дојде до титулата. Веспрем првпат дојде до негатива од само еден гол во 40. минута, потоа уште еднаш седум минути подоцна на 22:21, но во продолжение „црвено-црните“ имаа најмалку два гола предност и истата не ја испуштија ниту во драматичната завршница за конечни 27:24.

GOLD
To Top