Новости

Ракомет

Вардар со мака со „скрши“ Металург за Куп финале во Битола

Ракометарите на Вардар многу тешко дојдоа до победа која ги однесе до финалето на ракометниот куп на Македонија каде ќе играат против екипата на Еурофарм Работник.

Вардар и Металург одиграа уште еден добар, квалитетен, но и возбудлив натпревар во кој на крајот поумешни беа ракометарите на Вардар кои славеа со 31:30. Во првото полувреме се играше изедначено, а Вардар во финишот од првиот дел дојде до предност од 17:14.

Во вториот дел Металург играше одлично и успеа да направи пресврт и дојде до предност која ја одржуваше 15 –тина минути, но не успеа да ја задржи па на крајот „црвено-црните“ се радуваа на пласманот во финалето.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Дибиров, Шишкарев и Борозан со по осум гола, додека кај Металург најмногу се истакна Илиќ со седум гола, а Пешевски посигна пет. Утре во 16.30 во салата Младост во Битола се игра финалето меѓу Вардар и Еурофарм Работник.

Евротип
Евротип
To Top