Под покровителство на познатиот спортски работник, Трифун Костовски, во договор со Општина Битола и „Битолски весник“ и во пресрет на одбележувањето на 11 октомври в петок ќе се одржи голем спортски хепенинг. Имено, кон крајот на неделата ќе се одржи првиот меморијален турнир за ветерани од 45 до 65 години, во фудбал и ракомет „Мате Шундовски”.

На турнирот на стадионот „Тумбе кафе“ и спортската сала „Боро Чурлевски” ќе настапат фудбалските екипи на Пелистер и Победа и екипата на РК Пелистер, школата на Кирил Лазаров (КЛ7) и селекцијата на Пепи Манасков во ракомет. Овој турнир во ракомет и фудбал ќе го носи името на познатиот водич на битолските навивачи Мате Шундовски.

Според покровителот на турнирот, Трифун Костовски, овој турнир ќе биде традиционален и секоја година ќе се одржува во пресрет на празникот 11 октомври.

tera.mk