Новости

Ракомет

Вујовиќ: Јас сум најголем Југословен

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ  вели дека е „најголемиот“ Југословен – роден е во Црна Гора, работел во Хрватска и Македонија, а живее во Шабац, Србија.

„Никогаш не сум се мешал во политиката и не сум националист. Тоа што сум роден во Црна Гора, а сум работел во сите држави и што живеам во Шабац ме прави уште поголем Југословен. И денеска кога ќе ја слушнам ‘Хеј, Словени’ ми поминуваат морници“, вели Вујовиќ.

Поранешниот тренер на Вардар се потсети на времето кога беше главен човек на црвено-црните, а вели дека има и убави спомени од клупата на ППД Загреб.

GOLD
To Top