Новости

Ракомет

Голужа: Ова што го имате во Битола ретко кој го има

Тренерот на Татран Прешов, хрватскиот стратег Славко Голужа, вечерва со емоции зборуваше за Битола и публиката во салата.

„Едвај чекав да дојдам во Битола, ова вие што го имате ретко кој го има. Јас Пелистер го гледав како мал, чувајте го тоа што го имате, благодарност за атмосферата на навивачите. Мислам дека победи посреќниот и похрабриот, затоа што ова не беше лесен меч. Еурофарм е добар тим, но ние го одигравме најдобриот меч во Лигата на шампионите. Знаеме какви пролбеми имавме во последните месец и пол, па затоа ова за нас се големи бодови. Поради повреди не стартувавме најдобро во Лигата на шампионите, а по овој триумф мора да останеме со две нозе на земја“, изјави Голужа.

GOLD
To Top