Новости

Ракомет

Гонзалез го објави списокот на ракометари кои ќе играат во Битола против Турција

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25.10.2018 (четврток) против репрезентацијата на Турција. Натпреварот ќе се одигра во Битола со салата “Боро Чурлевски” со почеток во 20:15 часот.

Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Козани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28.10.2018 (недела).

GOLD
To Top