Новости

Ракомет

Гуглета и Ѓорѓески и официјално потпишаа за РК Пелистер

Официјално од вчера нови играчи на РК Пелистер се Даниел Ѓорѓески и Александар Гуглета кои ќе конкурираат – првиот за голманската, додека вториот за крилната позиција. Двајцата имаат големо ракометно искуство и освоене трофеи со нивните претходни клубови играјќи покрај во македонскиот шампионат така и во СЕХА Лигата и Лигата на Шампиони. Сончева Битола и преполниот Широк Сокак им посакаа добредојде при кратката прошетка пред официјалното претставување во клупските простории на РК Пелистер. Тие го имаа првиот тренинг и запознавањето со соиграчите за кои велат дека се фанатастично примени и им е мило дека се во клуб како Пелистер со голема традиција.

GOLD
To Top