Новости

Ракомет

Денеска е денот „Д“, Македонија мора да ја победи Австрија за да остане на ЕУРО 2020

Македонија вечерва во „Виенер Штадхале“ го игра клучниот натпревар на ЕУРО 2020, противник е домаќинот Австрија на која и нерешено и одговара з апласман понатаму.

Нашиот национален тим пропушти можност да обезбеди пласман во следната рунда на мечот со Чешка кој го загубивме, сега ќе одиме по потешкиот пат со калкулаторот во рака но победа мора да забележиме, и тоа не било каква.

Ќе ни треба победа против Австрија со 1 гол разлика, но и ќе мораме да постигнеме најмалку 32 гола на оваа средба. Во тој случај одат Австрија и Македонија.

– Ако ја победиме Австрија со два гола разлика, тогаш пак одат Австрија и Македонија, но не ќе мораме да бркаме најмалку 32 гола.

– Ако Македонија победи со три гола разлика, тогаш Македонија е прва, а Австрија е втора.

– Ако Македонија победи со 4 или повеќе голови, Македонија е прва, Чешка втора, а Австрија испаѓа од игра.

Секако сметаме на тоа дека Чешка со сигурност ја победува Украина.

Средбата, Македонија – Австрија се игра од 18-15 часот.

dribling.mk

GOLD
To Top