Новости

Ракомет

Десниот бек Станојевиќ нов играч на Пелистер

Александар Станојевиќ е новиот бек во стројот на тренерот Јошко Петковиќ.

Леворакиот бек кој 2005-та година беше вицешампион на светот во Унгарија со тогашната Србија и Црна Гора кариерата ја започнува во белградски Партизан од каде започнува неговиот поход во најсилните ракометни лиги во Европа бил член и на :Гумерзбах,Вецлар,ПСЖ,Горење , настапувал и во Катар , С.Арабија, Турција како и во матичната Србија.

Во Пелистер се обединуваат повторно со Реваз Чантурија каде беа соиграчи во Металург во 2008-мата и настапуваа во Лигата на Шампиони против европските гиганти Кил и Барселона.

Во дресот со државниот грб , Станојевиќ запиша 32 настапи а последно беше повикан во 2017-та година кога селектор беше Јовица Цветковиќ за квалификациите за Европско првенство во Хрватска.

 

GOLD
To Top