Новости

Ракомет

Димитровски: Пелистер ќе ја преброди оваа криза

Спортскиот директор на РК Пелистер, Златко Димитровски денеска потенцираше дека изглегуваат дури сега на прес-конференција затоа што не сакаа да изгледаат како клуб кој што се жали. Кога го презедоа клубот на прес-конференција најавија 4 место и излез во Европа, но во меѓувреме наидоа на тежок период кога не можеа да купуваат играчи кои ги посакуваа. Тој ја објасни и ситуацијата со Стевче Алушовски, поранешниот тренер на РК Пелистер.

„Што се однесува до Стевче Алушовски, кој го затекнавме ние кога дојдвме, сакам да се знае дека седнавме со него да го прашаме кои се желбите негови кои играчи да ги донесеме.  Тој побара тројца играчи, се работеше за Дарко Димитриевски, Костадин Петров и Мартин Јовановски. Успеавме да ги донесеме Петров и Јовановски, додека Димитриевски се одлучи за Израел. Откако му го објаснивме ова, му рековме на Алушовски да разговараме за договорот, но тој не сакаше да разговара. Сакаме да биде јасно дека ние не го избркавме Стевче Алушовски, туку тој сам си замина. Тој сакаше да ја има целата функција, да биде и тренер и спортски директор. Сакаше самиот да разговара и со играчите за трансфер и да одлучува за подготовките на клубот, заради тоа мислам дека си замина. Инаку наша цел беше да соработуваме и ние му понудивме, било каква соработка, едноставно кратко и јасно кажа дека не сака, изјави Димитровски.

Потоа го назначија Борче Марковски, за кој Димитровски вели дека ретко кој тренер се нафаќа да преземе клуб во таков период, неспремна физички и кондициона екипа.

„После поразот Борче Марковски сам си поднесе оставка, не можеше да го издржи притисокот“, вели Димитровски и додаде: „После многу разговори му се заблагодарувам на Томче Петрески кој го знаеше ризикот, но го презеде Пелистер во една навистина тешка ситуација. Иако имаше успешен договор во Мароко, без ниту еден пораз. Вака се покажува колку се сака клубот. Имало и ќе има тренери и играчи кои се лојални на клубот. Кои играле и беспари, но сепак останале во клубот. Во иднина, Пелистер ќе ја преброди оваа криза и ќе направиме како што треба и како што ветував. Но од јуни ќе активираме неколку школи и ќе активираме поранешни тренери и ќе направиме Пелистер кој ќе го добие местото кое го заслужува“.

Тој им се заблагодари и на навивачите „Чкембари“ кои секогаш ја бодрат екипата и покрај неуспесите.

GOLD
To Top