Новости

Ракомет

Дружете се со ѕвездите на Еурофарм Работник пред почетокот на СЕХА лигата

Од Еурофарм Работник известуваат дека утре, сабота, 31.08.2019 година, во 12:00 часот напладне, можете да имате единствена прилика да се дружите и фотографирате со играчите на РК Еурофарм Работник. Нашите првотимци напладне ќе бидат на едно од продажните места за билети, Вагабонт Тобако на Широк Сокак во Битола. Во пријатна атмосфера и дружење, тоа ќе биде прилика да направите фотографија со вашиот омилен ракометар, или пак лично тој да ви додели билет за некој од натпреварите на РК Еурофарм Работник.

Од клубот информираат и за билетите:

„Ве известуваме дека од денес, петок 30.08.2019 година, за сите купувачи на приоритетни сезонските билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник, истите можете да ги подигнете од продажното место, туристичка агенција „С Травел“ – Битола. Продажбата на сезонските билети и натаму е во тек, затоа побрзајте за да ги имате најдобрите места во салата во текот на целата ракометна сезона и да ја бодриме нашата екипа на натпреварите од СЕХА лигата како и на натпреварите од Лигата на Шампиони.

Од денес се пуштени во продажба и поединечните билети за натпреварите на РК Еурофарм Работник, и тоа онлајн на kartieurofarm.mk, како и на продажните месна низ Битола кои ги имаме наведено на страницата за онлајн купување. Сите кои ќе купат онлајн поединечен билет за некој од натпреварите, немаат обврска онлајн билетот да го заменуваат со физички билет на некое од продажните места, туку можат да влезат во салата со испринтана А4 формат копија од онлајн купениот билет“, стои во соопштението.

GOLD
To Top