Новости

Ракомет

Еурофарм Работник: Оваа група ракометари заслужува европска пролет

Неколку дена пред европското деби против Берн, Еурофарм Работник на прес-конференција ги најави очекувањата. В сабота од 17:30 часот следи првиот од двата натпревари против швајцарскиот претставник. На прес-конференцијата говореа тренерот и репрезентативното крило.

Тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ рече:

„Ни престојат два натпревари против една од најсилните швајцарски екипи, а 120 минути не делат од пласманот во лигата на Европа. Во сабота се првите 60 минути во Битола и ќе ни треба многу работа, концетрација, волја, кои мораме да ги искористиме максимално. Убеден сум дека победникот ќе се решава во Берн. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите да бидат во салата в сабота бидејќи оваа екипи со односнот кон работата и игрите кои ги прикажа го заслужува. Берн е одличен противник, добро подготвен на секој план и затоа посакувам победнички амбиент на трибините, за дополнителна енергија и да направиме голем успех“.

Гоце Ојлески истакна: „Со нетрпение го очекуваме овој натпревар уште од август месец кога стартуваа подговките. Екипата оваа година има повисоки цели, ланската во Челинџ купот, а оваа не очекува ново напреварување каде имаме шанси да испишеме голем успех со влегувањето во групната фаза кога ќе се натпреваруваме со поголеми и позвучни екипи“.

GOLD
SN Finansii
To Top