Новости

Ракомет

Еурофарм Работник ги започна подготовките за новата сезона

Стевче Алушовски вчера прозиваше во спортската сала во Битола. Еурофарм Работник ги започна подготовките за новата сезона во која клубот го очекуваат големи домашни и меѓународни предизвици.

24 ракометари се појавија на првата прозивка, а меѓу присутните беа и новите ракометари: Митревски, Маџовски, Велковски, Вегар, Јотиќ, Ратајац и Шевелев.

Делегацијата на Еурофарм од утре се сели во Маврово каде ќе мине две фази од подготовките. Предвидени се учества на турнирите во Струга и Добој, како екипата би го добила потребниот лик.

Дебито во СЕХА лигата предвидено е за 3 септември.

GOLD
To Top