Новости

Ракомет

Еурофарм Работник го победи големиот Веспрем

Фото: Саше Богоевски

Еурофарм Работник ја забележа својата најголема победа од постоењето, славеше против Веспрем во Битола со 26-24. Тимот на Давид Дејвис не е во најдобра форма во последно време, а тоа знаеше како да го искористи Еурофарм Работник, одигра фантастичен меч и дојде до голема победа.

Еурофарм Работник – Веспрем 26-24 (14-8)

Сала: „Боро Чурлевски“ – Битола. Гледачи: 3.000
Судии: Далибор Јуриновиќ и Марко Мрвица (Хрватска)

Еурофарм Работник: Митревски, Трајкоски, Ојлески 1, Маџовски 1, Чурлевски, Стјепановиќ 5, Радовиќ 1, Шевелев, Јотиќ 8, Вегар 2, Кукоски, Велковски, Остроушко 4, Граџан 4, Ѓукиќ, Кузманоски

Седмерци: 4/5
Исклучувања: –

Веспрем:
Цупара, Мартон, Манасков 3, Омар 2, Мораеш, Тонесен 2, Гајиќ 9, Нилсон 3, Маргуч, Лауге Шмит 2, Штрлек, Терзиќ, Благотиншек, Мае, Мацковшек, Лекаи 2

Седмерци: 5/6
Исклучувања: 6 минути

Ловро Јотиќ со осум гола беше најпрецизен во составот на Еурофарм Работник, Стјепановиќ даде пет гола. Никола Митревски имаше фантастично прво полувреме со 11 одбрани, во второто додаде уште една. Кај Веспрем Гајиќ постигна девет голови, Манасков реализираше три пати.

По оваа победа Еурофарм Работник е прв во групата Б, а в сабота гостува во Хрватска против ППД Загреб.

 

GOLD
To Top