Новости

Ракомет

Еурофарм Работник замина на подготовки во Маврово

РК Еурофарм Работник утрово замина на подготовки во Маврово. Стевче Алушовски и стручниот штаб на располагање има 24 ракометари кои конкурираат за место во тимот за СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Предвидени се две фази на подготовки во Маврово, а првата почнува попладнево со првата тренинг сесија. Целта на Алушовски е билдање на тимскиот дух, бидејќи наскоро почнува бурната есен за вицешампионот.

Покрај староседелците, во ростерот се и седумте нови ракометари и повратниците по позајмиците. Со мали исклучоци ова ќе биде ростерот кој ќе се бори за бодови во сите натпреварувања.

Првите контролни натпревари РК Еурофарм Работник ги закажа на турнирот во Струга кон средината на август.

GOLD
To Top