Новости

Ракомет

Еурофарм Работник на барање на тренерот Чирковиќ спогодбено го раскина договорот

РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека спогодбено на негово барање го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.

Српскиот тренер ја презеде екипата ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот.
Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот.

РК Еурофарм Работник наскоро ќе ја информира јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер.

GOLD
To Top